ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Украинската амбасадорка, Дир: Разбирајќи ја уникатноста на човекот, почитувањето на достоинството, покажувајќи милост – ние го почитуваме споменот на жртвите од Холокаустот

January 27, 2023 15:55
in Uncategorized
Амб. Лариса Дир

Амб. Лариса Дир

Share on FacebookShare on Twitter

Говор на Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

На 1 ноември 2005 година, Генералното собрание на ОН ја усвои резолуцијата „Сеќавање на Холокаустот“, прогласувајќи го 27 јануари за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот.

Украина на државно ниво го одбележува Денот на сеќавање на жртвите на Холокаустот, најстрашната страница во историјата на еврејскиот народ и еден од најстрашните геноциди.

Во времето на германскиот напад, Украина имаше најголемо еврејско население во Европа – 2,7 милиони луѓе, но разорната политика на терор против Евреите во окупирана Украина ги уништи како социокултурна и етно-религиозна заедница.

Денес ние го почитуваме споменот на сите оние кои засекогаш останаа зад бодликавата жица на нацистичките маченички одаи, во безимени гробници или крематориуми. За физичко уништување на цели нации, нацистите создадоа ужасна мрежа од концентрациони логори: Аушвиц, Бухенвалд, Вестерборк, Грос-Розен, Дахау, Заксенхаузен, Равенсбрук, Маутхаузен, Мајданек, Саласпилс, Собибор, Треблинка.

Милиони луѓе беа уништени во крвавите логори, кои станаа алки на конвеерот на смртта. Страшно е дури и да се замислат размерите на убиства, гасни комори, тортура, масовни убиства со стрелање, глад и неподносливо ропско постоење во гетото.

Како што напиша ​​австрискиот психолог Виктор Франкл, поранешен затвореник во нацистичките концентрациони логори: „оние од нас кои немаат слично животно искуство веројатно нема да го разберат конфликтот, деструктивен за душата и волјата, што се случува во душата на гладната личност“. Украинците особено се сеќаваат на болката од уништувањето на нацијата со глад.

Едно од најстрашните места за истребување на Евреите е Бабин Јар во Кијив, кој исто така стана симбол на жалост, каде што веќе на почетокот на март 2022 година беа испратени руски крстосувачки ракети.

Почитувајќи го споменот на жртвите од Холокаустот, не можам да не ја спомнам храброста и самопожртвуваноста на оние Украинци кои, ризикувајќи ги сопствените животи и животите на своите семејства, спасувале Евреи за време на германската окупација на Украина. Специјалната комисија на еврејскиот меморијален музеј „Јад Вашем“ идентификуваше 2.673 имиња на такви херојски Украинци, доделувајќи им ја почесната титула „Праведници меѓу народите“.

Исто така, невозможно е да не се спомене и блажениот свештеномаченик отец Омелијан Ковч, кој спасил многу затвореници од концентрациониот логор Мајданек: тој ги крстил и им издал повеќе од 600 крштелници, и покрај ризикот од одмазда од нацистичката окупациска администрација. Семејството Шептицки, спасувајќи повеќе од 160 Евреи и отворено барајќи од нацистичките водачи да престанат со нивното прогонство, стана пример за тоа колку е вредна меѓусебната помош и меѓусебното почитување, без разлика на националност и религија.

Антисемитската опсесија на нацистичкиот режим се истакна во историјата на човештвото со крајно сурови ѕверства.

Сега Украинците се борат со руските агресори за сопствените животи, со оружје во раце го бранат своето право да бидат суверена држава. рф започна војна против Украина со жестоката опсесија на нацистите – „кристално“ мислење дека Украинците немаат право да постојат.

Поминаа години од нацистичките злосторства. „Никогаш повеќе“ се повтори во форма на нови воени злосторства и злосторства против човештвото. Злосторници, а воедно и директни извршители на овие грозоморни злосторства, се раководството на Кремљ. Затоа, Украина упорно повикува на приклучување кон создавањето на Специјалниот трибунал за казнување на руските убијци и нивните соучесници.

На 20 јануари 2022 година, Украина се приклучи на изјавата во име на ЕУ дадена за време на седницата на Генералното собрание на ОН. Во неа, конкретно, беше истакнато дека Холокаустот е едно од најголемите злосторства во историјата на човештвото и дека сеќавањета за него е камен-темелник на европските вредности.

Негувајќи ја вредноста на човековиот живот, ние можеме да направиме се што е можно за да спречиме повторување на ужасни, крвави човечки трагедии.

Да не молчиме кога руските убијци започнаа војна и ги уништуваат Украинците.

Разбирајќи ја уникатноста на човекот, почитувањето на достоинството, покажувајќи милост, ние го почитуваме споменот на жртвите од Холокаустот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Горан Божичевиќ

Не е време за навивање – време е за будност

June 8, 2025

Златната пена на секојдневието

June 8, 2025

Португалија и Шпанија ќе играат за трофејот во Лигата на нации

June 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Златната пена на секојдневието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk