ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангел Димитров: Банките, осигурителните и телекомуникациските компании треба да плаќаат повисоки даноци

January 28, 2023 15:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај ковид кризата и енергетската криза предизвикана од воената инвазија на Русија врз Украина, пополека состојбата се смирува, особено со цената на електричната енергија која компаниите на слободниот пазар ја плаќаа и по 400-500 евра, а сега се движи во просек од околу 200 евра, вели во интервју за ЦИВИЛ Медиа, Ангел Димитров претседател на Организацијата на работодавачи.

 

Според него ако остане оваа цена или евентуално се намали, компаниите пополека ќе закрепнуваат од кризата и ќе има една стабилизација.

Димитров вели дека зголемувањето на минималната плата на 20.000 денари нема да биде голем товар за стопанството бидејќи тоа е годишно порамнување со трошоците на живот.

-Минатиот пат платата порасна на 18.000 денари со политичка одлука и затоа реагиравме бидејќи отиде на 62 проценти од просечната плата што е рекорд во Европа, бидејќи таму постои директива за минималната плата која што е околу 50 проценти од просечната плата, појаснува тој.

Димитров во интервјуто говори и за даноците и даночните политики и појаснува дека треба да има промени, односно оние кои имаат поголеми профити треба да плаќаат повисок данок, бидејќи во случајов и компанија со 1000 евра обрт на средства и онаа со 100.000 евра плаќаат исто.

-Ние во Македонија имаме банки, осигурителни компании, особено монополи како што се компаниите за телекомуникации или дистрибутери на струја, нафта итн кои имаат добивка и над  100 милиони евра, така што според мене поентата е на тие да се зголеми даночната ставка, додава тој.

Според  Димитров  општо е познато дека понудата и побарувачката на работна сила кај нас се во огромен расчекор, причините треба да се бараат во системот на образование, но и во желбите и интересите на младите луѓе кои не кореспондираат со работните места кои ги нуди стопанството.

Како што вели тој долги низ години образованието продуцира кадри кои не можат да се вработат во нашето стопанство, а стопанството се жали дека на пазарот на труд нема доволно квалификуван кадар за индустријата

– Идејата е да се заврши било какво образование, а младите иднината да ја гледаат во странство или во државната администрација. Овој проблем е најголемата пречка за побрз раст на нашата економија, појаснува Димитров.

Во врска со недела неработен ден, вели дека има работодавачи кои се противат, но дека сепак согласно дејноста компаниите направиле пресметки и дека се исплаќаат редовно дневници согласно законот.

Во поглед на исплаќањето на к-15 Димитров посочува дека треба да има измени бидејќи оваа популарна мерка останата од времето на СФРЈ, а некогаш ја намлува ликвидноста на компанијата.

-Затоа ние сакавме да го поттикнеме социјалниот дијалог да видиме дали нашите работници и работодавачи се подготвени да седнат на маса и да разговарат за комапнијата, бидејќи таа може да покажува добивка но да има проблем со наплатата и да нема пари. Затоа најдобро е да се видат сите конта и да се види дали фирмата може да исплати регрес за одмор, вели Димитров.

Тој го коментира и новиот закон за работни односи кој предвидува само две години работа на определно време, а потоа договори на неопределено бидејќи според него тоа би создало проблем со можноста за отпиштање на непродуктивните работници. Исто така додава и дека не е докрај прецизирано породилното отсуство бидејќи не е прецизирано како ќе се исплаќаат придонесите за овие родители особено што има 5 месеци породилно за мајката, а потоа родителско отсуство кое може да го користат двајцата родители.

Соња Танеска

Камера/фото/монтажа Ариан Мехмети и Дехран Муратов

Извор: ЦивилМедиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ангел ДимитровданоциЗакон за работни односиобразованиеорганизација на работодавачирегрес за годишен одмор

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk