Хорот на украинската армија ја пееше хебрејската песна „Ели Ели“ на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот во петокот на местото на масакрот во Бабин Јар.
Како што пренесува The Jerusalem Post, двеминутното видео од хорот го сподели на Твитер израелскиот амбасадор во Украина, Мајкл Бродски. За четири часа доби 50.000 прегледи.
The Ukrainian Army choir singing Eli Eli at #BabynJar on the #HolocaustMemorialDay pic.twitter.com/nOc7UhGo5y
— Michael Brodsky (@michael_brodsk) January 27, 2023
На видеото се гледа само машка група украински војници кои хармонично пеат на хебрејски додека стојат пред локацијата Бабин Јар.
Исто така во петокот, украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на местото заедно со други меѓународни претставници и еврејски водачи.
Знаеме и паметиме дека рамнодушноста убива заедно со омразата“, рече украинскиот лидер. Рамнодушноста и омразата секогаш се способни да создадат зло само заедно“.
Во 1941 година во Бабин Јар, над 33.000 Евреи и десетици илјади Украинци, Роми, Совети и физички и ментално хендикепирани лица беа егзекутирани од страна на нацистите.
Песната што ја пејат украинските војници, „Ели Ели“ првично беше напишана од Хана Сенес во 1942 година со наслов „Прошетка до Цезареја“.
Песната е исто така една од најчесто изведуваните песни за време на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.
Подготви: Д. Мишев
Извор: ЦивилМедиа