„Се работи за друг случај, дека треба нивните активности да се спречат со оглед на тоа дека тие воопшто не им мислат добро на регионот. Ако ги погледнавте изјавите на ЕУ тие практично се оградија од изјавите од политичари од соседна Бугарија кои што се ву институциите на ЕУ. САД кои се наш стратешки партнер, со кои сме заедно во НАТО, имааа исти став дека државите треба да функционираат и комуницираат на институционално ниво“, додае Ковачевски.
Ковачевски додаде дека претходно имал телефонски разговор со бугарскиот премиер и дека тоа е нормална комуникација и начин како треба да се градат односите, да се деескалираат провокациите. на поединци и групи коишто не сакааат да има добри односи меѓу државите.
„Тие немааат никаква економска агенда, ниту евроинтегративна агенда. Имаат единствено националистичка агенда со која сакаат овој регион да го држат заложник на минатото, да го држат заложник на своите популистички, политички, агенди, и не сакаат да го видат регионот зачленет, целиот, во ЕУ. Од друга страна, раководствата од сите држави во регионот се за интеграција во ЕУ“, изјави Ковачевски во однос на прашањето дали Брисел и Вашингтон сепак помогнаа за релаксирање на односите помеѓу Скопје и Софија.
Биљана Јордановска / ЦИВИЛ Медиа