ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Османи од Брисел: ОБСЕ и НАТО треба да ја одиграат својата улога во поддршката на Украина

January 31, 2023 13:19
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи денеска во Брисел имаше обраќање пред Северноатлантскиот совет на НАТО, каде ја претстави Програмата на Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ во 2023 година. 

Како што информира МНР, пред Советот, со кој претседаваше заменик генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоана, Османи ја истакна важноста на улогата на НАТО и ОБСЕ во европската безбедносна архитектура и ја презентираше визијата на Северна Македонија како претседавач на ОБСЕ. Тој посочи дека фокусот на претседавањето ќе биде ставен на луѓето и на вредностите и принципите на ОБСЕ кои, како што се наведува, беа прекршени со руската агресија врз Украина.

-Агресијата на Руската Федерација против Украина ги потресе столбовите на нашата безбедност, потенцираше Османи, додавајќи дека Украина ќе остане врвен приоритет и клучно безбедносно прашање.

Според Османи, наш приоритет во сите три аспекти ќе биде да обезбедиме суштинска поддршка за Украина и нејзиниот народ.

Османи пред присутните истакна дека агресијата кон Украина мора да престане, како и дека смртта на цивилите и пустошот се неприфатливи, а последиците и цената на оваа војна за цела Европа и за целиот ОБСЕ регион ги карактеризираше како жални и неподносливи.

-Цивилните страдања се причината за нашиот силен фокус на луѓето кои се први на удар од оваа агресија. Оние кои се директно изложени на војна и конфликти се плашат за своите животи, а пак оние кои се подалеку чувствуваат несигурност, вознемиреност и неизвесност. Нивниот начин на живот е доведен во прашање и нивното секојдневие е нарушено. Нашиот ангажман е пред сѐ за луѓето. Ова е нашето мото и движечката сила за годината што претстои, истакна Османи пред присутните.

Османи во обраќањето ја спомена улогата на двете организации во промовирањето на контролата на оружјето и мерките за градење доверба и безбедност.

-И двете организации треба да ја одиграат својата улога кога станува збор за поддршка на Украина, но и за другите земји учеснички или партнерите. Тие ги имаат потребните алатки и механизми за да придонесат за поголема безбедност и стабилност,  потенцираше Османи.

Пред Северноатлантскиот совет на НАТО Османи ги спомена и останатите кризни ситуации низ регионот на ОБСЕ, истакнувајќи дека Централна Азија и регионот на Југоисточна Европа ќе останат во фокусот. Тој најави зајакнување на теренските мисии на ОБСЕ и поддршка за севкупното присуство на терен.

На врвот на листата на приоритети на Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ, Османи ги посочи и борбата против корупцијата и промовирањето на доброто владеење, наведувајќи дека тоа е заедничка „болест“ која го загрозува демократскиот и социо-економскиот раст.

Тој најави дека Организацијата ќе се посвети на поддршка на основните човекови права и промовирање толеранција и недискриминација како предуслови за општата безбедност.

Претседавачот со ОБСЕ Османи ја истакна важноста на соработката меѓу ОБСЕ и НАТО.

–Многу ми е драго што Стратешкиот концепт усвоен минатата година во Мадрид, кој кристално јасно покажува дека НАТО има намера да ја зајакне нашата заедничка координација и соработка. Како претседавач со ОБСЕ, уверен сум дека сите можеме да имаме корист од оваа соработка, бидејќи работиме за да придонесеме во процесите за безбедност и стабилност во Европа и светот, истакна Османи.

Пред обраќањето пред Северноатлантскиот совет на НАТО, Османи оствари средба со заменик генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоана, каде имаше можност да оддаде признание за ангажманот на Џоана во својство на претседавач со ОБСЕ во 2001 година, кога неговите напори доведоа до поголема стабилност на нашата земја и регионот.

Во заедничка изјава Османи повтори дека и покрај нивната различна природа и цел, и НАТО и ОБСЕ имаат важна улога во зачувување на европската безбедност.

-И двете организации се засновани на принципи и вредности, кои во случајот на ОБСЕ, се грубо прекршени со воената агресија. Верувам дека има простор за соработка и треба да ги исцрпиме сите можности за да придонесеме за поголема безбедност во регионот на Европа, но и пошироко, рече Османи.

Tags: Бујар ОсманиОБСЕСеверна Македонија
Next Post

Спасовски: Од нетранспаретна институција без доверба, МВР сега е во најдобрите три според транспарентноста

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk