ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски во посета на „Иницијатива за економски развој на Ромите – РЕДИ“ и социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа

February 1, 2023 14:19
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска ja посети РЕДИ Рециклажа, социјално ориентирано претпријатие основано од здружението „Иницијатива за економски развој на Ромите – РЕДИ“.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, шефот на државата беше запознаен со нивната работа и процесот на собирање на секундарни суровини од поставените корпи лоцирани во општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода.

Претставниците на здружението и зелените агенти го информираа претседателот Пендаровски за нивното функционирање, организирање на индивидуалните собирачи на отпад преку нивно вработување, за воспоставениот систем на примарна селекција на отпадот, како и за нивните натамошни развојни планови.

Претседателот Пендаровски се запознал со досега постигнатите разултати, како и со нивната цел да развијат рециклажен центар, што ќе овозможи повеќе од 1500 зелени работни места. Според здружението, преку формализирање на индивидуалните собирачи на отпад, кои пред сè припаѓаат на маргинализираните заедници, истовремено се обезбедува соодветно вреднување на нивниот труд.

Во контекст на досегашниот интерес на граѓаните за користење на нивните бесплатни услуги, од РЕДИ Рециклажа информираа дека досега се пријавени над 500 станбени и деловни објекти од кои активно во трите општини се сервисираат 219.

-Претседателот Пендаровски ја поздрави иницијативата на РЕДИ и нивниот придонес во заштита на животната средина, борбата за почиста околина и поттикнување на свеста кај граѓаните за селектирање на отпадот. Воедно беше истакната важноста од нивна континуирана соработка со граѓаните и партнерски однос со институциите, како предуслов за воспоставување на долгорочно одржлив систем на собирање и селекција на отпад, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот Пенадровски.

Tags: „Иницијатива за економски развој на Ромите - РЕДИ“РЕДИ РециклажаСтево Пендаровски
Next Post

Фон дер Лајен: За намалување на емисиите на CO2, ЕУ пренасочува 250 милијарди евра

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk