Во Украина 459 деца се убиени, а 918 деца се повредени како резултат на целосната вооружена агресија на Руската Федерација.
„Повеќе од 1.377 деца се убиени и повредени во Украина како резултат на целосната вооружена агресија на Руската Федерација. Од утрото на 1 февруари 2023 година, официјалниот број на убиени деца не се промени во изминатиот ден, а тој изнесува – 459. Бројот на повредени се искачи на повеќе од 918 деца“, објави украинското Јавно обвинителство на Телеграм, пренесува Укринформ.
Овие податоци не се конечни бидејќи траат напорите за утврдување на жртви во областите на воените дејствија, на привремено заземените и ослободените територии.
Најмногу загинати и повредени деца има во Доњецката област – 442, регионот Харков – 270, регионот на Кијив– 123, регионот Керсон – 85, регионот Запорожје – 84, регионот на Миколаев – 83, регионот Чернихив – 68, регионот Луганск – 66, регионот Дњепропетровск – 63.
Во изминатото деноноќие, односно вторник, 31 јануари, 16-годишно момче беше повредено во непријателскиот напад врз Бахмут, регионот Доњецк.
Инаку, 3.126 образовни институции веќе се оштетени поради бомбардирање и гранатирање од страна на вооружените сили на Руската Федерација, од нив 337 се целосно уништени.
А. Р.