Oд денеска црквата „Свети Спас“ е под засилено полициско обезбедување.
Причина е чествувањето за роденденот на македонскиот револуционер „Гоце Делчев“, кое ќе се одржи в сабота на 4 февруари.
На настанот покрај високи македонски претставници ќе дојдат и гости од Бугарија, што со оглед на претходните искуства и вжештената ситуација со случајот во Охрид, може да претставува безбедносен проблем.