ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Гоце Делчев бил против „рускиот тиран“ и мешање на Русија во Македонија

February 4, 2023 11:52
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во едно писмо пишувано во Штип, до Ефрем Каранов во 1895 година, апостолот на македонското дело Гоце Делчев зборува против проруските агитатори кои сакале да кренат предвремено востание во Македонија.

Еве како агитирал Чакаров во офицерска униформа, како што го цитира Делчев:

„Ќе кренам внатрешно востание, па штом ќе се развее знамето, Русија, о славна Русија, во истиот миг ќе навлезе во Македонија и ете ти, ние сме ослободени “(?? !!). Така ли мисли тој, така ли мислите и Вие, па најпосле така ли треба да се воспитуваат востаниците? Ако им давате такви голи надежи на востаниците, знајте дека и најпрвиот херој во извесни моменти ќе дојде до најголемо разочарување. Не, така со ништо не помагаат лагите, особено оваа. Трудете се да се искорени оваа слабост (очекуваната помош од рускиот тиран) и од најзаблудениот страшливец, па наместо неа нека се оживее непобедлива сила на самоувереност и решителност и тогаш, верувајте, секој еден ќе се бори докрај со најголема суровост.“

Гоце Делчев не само што пишувал против „рускиот тиран“, туку отворено се спротиставувал на проруските агитатори кои неосновано ветувале воено ослободување на Македонија од страна на Русија, по кревање на востанието.

Гоце Делчев уште во 1895 година бил визионер, и испаднал во право.

Русија правела се што е во нејзина моќ за да спречи внатрешно востание во Македонија, а откако било кренато, за да го задуши.

Академик Владо Поповски, повикувајќи се на руски официјални извори, укажува дека „Во текот на самото Илинденско востание, во екот на турските безобѕирни рушења и уништувања на македонските села и на неборбеното население во нив, министерот за надворешни работи, грофот Ламздорф, ги повикал руските конзули на теренот да се обратат до постраданото и загрозено македонско население и да му ветат руска заштита доколку се откаже од комитетите и од водачите на востанието и доколку ги предаде на турските власти, инсистирајќи на тоа тие бргу, решително и ефикасно да го задушат востанието“.

Tags: Гоце ДелчевМакедонијаРусијатиран
Next Post

Медиумите може да изберат дали снимателите ќе бидат внатре или пред „Св. Спас”

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk