ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Државниот пазарен инспекторат: Да се внимава при онлајн купувањето, немаме надлежност над други меѓународни пазари

February 6, 2023 15:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), апелира до граѓаните да внимаваат при онлајн купувањето, зашто како што велат, ДПИ нема надлежност над други меѓународни пазари.

„Грaѓаните најчесто се жалат на лоши искуства во поглед на квалитетот на производите, неможноста за вршење замена на производите, достава надвор од утврдениот рок, неможноста да се оствари повторен контакт со продавачот најчесто поради недостапност или блокирање на страницата од која се продавале производите. Често се случува производите да се различни кога ќе пристигнат кај граѓаните, отколку оние претставени на фотографијата, прблем е и неиздавањето на фискални сметки, фактури или гарантен лист при доставувањето на производите. Заради ваквите негативни искуства во изминатиот период граѓаните интензивно пријавуваат онлајн измами, особено кога станува збор за производи кои се продаваат преку користење на социјалните мрежи. Државниот пазарен инспекторат постапува согласно своите надлежности, односно, пазарниот инспекторат може да постапи само доколку пријавата е поднесена за трговец кој е регистриран и издава фискална сметка, бидејќи фискалната сметка служи како доказ при постапувањето од наша страна. Доколку трговецот за кој се однесува пријавата не е регистриран ние како институција немаме надлежност да постапуваме. Најчесто оние кои продаваат преку социјалните мрежи не се регистрирани, па заради тоа е невозможно да се пронајдат ниту пак да се постапи во согласност со поднесената пријава“, истакнуваат од Државниот пазарен инспекторат.

Оттаму нагласуваат дека кога граѓаните вршат нарачки од меѓународни веб продавници, Државниот пазарен инспекторат нема надлежност над други меѓународни пазари надвор од територијата на Република Северна Македонија за да може да презема мерки за решавање на таквите претставки.

Потенцираат дека ДПИ е надлежен за онлајн измами според Законот за е-трговија и тоа според член 7, односно за да може да постапи, трговецот треба да е регистриран на адреса поинаква од домашната, бидејќи пазарниот инспекторат нема надлежност да врши надзор во домашен односно приватен имот.

„Регистриран онлајн трговец значи лесно, директно и постојано достапни најмалку следниве информации: име, односно фирма на давателот на услугата, седиште на правното лице, давател на услугата или адреса доколку е физичко лице, податоци за давателот на услугата врз основа на кои примателот на услугата може на директен и ефикасен начин да стапи во контакт со него, вклучително електронската адреса, трговскиот регистар во кој е внесен давателот на услуги и бројот на неговата регистрација или еквивалентните средства на идентификација во тој регистар, кога давателот на услугата е заведен во трговски или друг соодветен регистар, податоци од надлежниот орган, доколку давателот на услугата подлежи на обврска за издавање на лиценци или друг вид на одобренија и даночен број ако давателот на услуга е обврзник на ДДВ. Понатаму, потребни се и податоци за институцијата кај која е регистриран давателот на услугата, професионалниот назив и земјата во која е стекнат тој назив, упатување на професионалните правила во земјата во која ја врши дејноста и начинот на пристап до нив. Ако давателот на услуги на онлајн услуги ги наведува цените на производите и услугите, тие треба да бидат наведени јасно и недвосмислено, особено треба да се наведе дали во нив се вклучени трошоците на испорака, даноците и манипулативните трошоци кои имаат влијание на наведената цена“, се наведува во соопштението од ДПИ.

Апелираат граѓаните да бидат особено внимателни, односно пред да извршат онлајн нарачка да ги проверат контакт податоците и останатите податоци за компанијата или лицето кое ги продава производите, понатаму веродостојноста на е-продавницата, да ги заштитат своите лични податоци, и да не го примаат производот без да им биде издадена фискална сметка или фактура, а доколку постои било каков сомнеж или е извршена директна измама, веднаш да пријават кај Државниот пазарен инспекторат.

Tags: ДПИонлајн купување
Next Post

Османи: Антисемитизмот не е поразен, потребна промоција на толеранција и недискриминација

Shortcut

Најново

Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk