ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕУ меѓу „чеканот” Кина и „наковалната” САД

February 6, 2023 13:35
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Соборувањето на кинескиот шпионски балон ги втурна односите меѓу Вашингтон и Пекинг во нова криза а надворешната полтика на ЕУ пред нови искушенија.

Со влошувањето на односите меѓу двете суперсили, лидерите на ЕУ се во незгодна позиција. Како стојат работите на теренот во овој геополтички земјотрес што упорно тресе со висок интензитет. ЕУ се чини дека ќе бидат под засилен притисок од Белата куќа да застанат на страната на САД и да ги здружат силите против Кина. Оваа незгодна епизода доаѓа во време токму кога ЕУ планира да ги затопли односите со Пекинг.

Би било поедноставно ако во меѓувреме на еворпскиот континент не се случуваше руската агресија на Украина но таа е тука со намера да се интензивира оваа пролет.

ЕУ сега реално стравува дека инцидентот со балонот ризикува да го одвлече вниманието на тимот на претседателот Џо Бајден токму во моментот кога американската поддршка за Киев ќе биде најпотребна.

„Никогаш не очекувавме 2023 година да биде лесна, но ова е навистина тежок почеток“, вели европски дипломат брифирајќи ги новинарите за актуелниот развој на настаните.

Во саботата, САД соборија, како што рекоа, кинески балон за набљудување во близина на брегот на Јужна Каролина со проектил воздух-воздух од борбен авион Ф-22. Државниот секретар Антони Блинкен на неодредено време ја одложи посетата на Пекинг, која беше закажана за оваа недела.

Пекинг инсистира дека џиновскиот објект напојуван од соларни панели бил „цивилен воздушен брод“ кој излетал од курсот додека вршел „главно метеоролошки“ истражувања. Како одговор на ракетниот напад, кинеската влада изрази „силно незадоволство“ и протестираше против употребата на сила од страна на САД за напад врз беспилотното, цивилно летало. Се додава дека Пекинг  „ќе го зачува правото да преземе дополнителни неопходни одговори“.Надворешната политика на САД, иако сè уште е многу инвестирана во воената поддршка на Украина, може да биде одвлечена од заострените судири со Пекинг. Десничарските американски политичари повикуваат на поголемо внимание на Кина откако Русија ја нападна Украина пред една година.

Како што „ривалството меѓу САД и Кина се заострува, ќе има поголем притисок врз Европејците, чиј пристап кон Кина е многу разновиден, да избираат страни“, рече Рикардо Борхес де Кастро, шеф на програмата Европа во светот од  Центарот за европска политика  „Реалноста е дека ако светот станува сè повеќе доминиран од два пола – САД и Кина – ЕУ и Европејците ќе треба да избираат страна сè додека безбедноста и одбраната на Европа зависат од чадорот на САД.

Русија, во меѓувреме, се очекува да започне масовни офанзиви за само неколку недели, кога ќе заврши најтешката зимска сезона, според украинските власти. „Вашингтон ќе биде зафатен со Пекинг уште некое време“, рече висок дипломат на ЕУ во неделата. „Тоа не е добра вест за ЕУ бидејќи Русија сè уште е главната грижа“.

За Европа, инцидентот, исто така, се случува во незгоден момент, бидејќи високи функционери се подготвуваа повторно да се ангажираат во обид  да ги унапредат односите со  Пекинг.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, планира патување во Пекинг во април. Исто така, францускиот претседател Емануел Макрон ја објави својата намера да се сретне со претседателот Си Џинпинг во кинескиот главен град на почетокот на оваа година. Макрон планира со себе да земе и висок функционер во ЕК кој би говорел во името на ЕУ.

Дополнително комплицирање на работите е очигледниот недостиг на интерес на Пекинг да му помогне на Западот да изврши притисок врз Владимир Путин да стави крај на војната во Украина.

Неколку европски земји ја поддржаа одлуката на администрацијата на Бајден во јавноста, истакнувајќи го општото чувство на неподготвеност да се влошат односите со Пекинг. Нивната реакција беше многу внимателна во таа смисла.  Еден од исклучоците беше Естонија, министерот за надворешни работи Урмас Реинсалу изјави : „Ја поддржувам операцијата на САД за одбрана на нејзиниот суверенитет. Целосно ги осудувам провокациите што ја загрозуваат националната безбедност на САД“. За разлика од другите во ЕУ, Велика Британија, Јужна Кореа и Канада беа недвосмислени во својата поддршка за САД.

2023 се најавува како тешка година за надворешната политика на ЕУ која ќе мора да најде начин да исплива на брегот од невремето кое ги зафати водите меѓу Кина и САД. Кина на ЕУ и треба како стратешки трговски партнер но од друга страна , за каква трговија се говори кога без САД, ЕУ е немоќна да се справи со непредвидливоста и лудилото на Путин.

Борјан Јовановски / НоваТВ

Tags: ЕУКинаКинескиот шпионски балонСАД
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Тестовите за натпреварот по математика само на македонски јазик; бран протести во Албанија до заминување на Рама

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk