ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руски гранати запалија станбени згради и болница во Вовчанск

February 7, 2023 16:06
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во руското гранатирање на Украина погодени се неколку цивилни цели, предизвикан е пожар во болница и уништени се пет станбени згради во градот Вовчанск, соопштија денеска локалните власти.

Во исто време, украинските власти известија дека Москва распоредува војници во источните региони пред, како што се сомнева Кијив, нова офанзива на годишнината од почетокот на инвазијата.

Службата за вонредни ситуации во североисточниот регион Харкив соопшти дека синоќа при гранатирањето на градот Вовчанск биле опожарени неколку станбени згради и една болница. Во пожарот нема жртви.

Вовчанск се наоѓа во областа Харкив, која беше окупирана од Русија на почетокот на инвазијата и повторно преземена од Украина во контраофанзива минатата година. Украина очекува дека Русија може да се обиде да ја врати територијата што ја изгуби во таа контраофанзива.

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека Москва ги фокусира своите напори во близина на градовите Лиман, Бахмут, Авдиевка и Новопавливка во источниот регион Доњецк, како и во близина на Купјанск во покраината Харков.

Во регионот на Доњецк, руските сили продолжија со гранатирање на Вуледар, рударски град кој беше една од клучните цели на Москва, соопшти кабинетот на украинскиот претседател.

Гувернерот на провинцијата Доњецк, Павло Кириленко, објави дека Русија во последните неколку дена распоредила голем број свои војници во областа. –  Трансферот на единиците на руската армија се одвива деноноќно. Руското гранатирање се зголемува, рускиот притисок се зголемува секој ден, рече Кириленко.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш синоќа изрази загриженост поради зајакнувањето на конфликтот како што се приближува крајот на зимата и додаде дека „се намалуваат изгледите за мир“, а „се зголемуваат шансите за натамошна ескалација и крвопролевање“

Tags: Војна во Украинаруско гранатирање
Next Post

Поранешен лондонски полицаец осуден на доживотен затвор поради десетици силувања

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk