Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, во директна средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изразил загриженост дека ВМРО-ДПМНЕ може да го одложи влезот на Северна Македонија во ЕУ.
„Амбасадорот Коп на отворена и конструктивна средба со Христијан Мицкоски, ја изрази својата загриженост дека ВМРО-ДПМНЕ може да го одложи влезот во ЕУ“, се наведува во твитот од Холандската амбасада во Северна Македонија.
Ambassador Kop in an open and constructive meeting with @MickoskiHM expressed his concern that VMRO-DPMNE may delay EU accession. Given the stated commitment of the largest opposition party, ?? urges constructive cooperation towards that goal between government and parliament. pic.twitter.com/Z6JwAiTjQN
— Dutch Embassy North Macedonia (@NLinSkopje) February 9, 2023
– Со оглед на наведената заложба на најголемата опозициска партија, Холандија повикува на конструктивна соработка кон таа цел меѓу владата и парламентот, се потенцира во твитот од холандската амбасада.
Ј. Ѓ.