БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Со остатоците на соборениот кинескиот балон, во водите на Атлантскиот океан крај брегот на Каролајна, паднал и човек кој рекол дека се вика Христијан Мицкоски.
На Американците им изјавил дека Кинезите го убедиле дека на власт во Македонија може да дојде само од воздух, со воздушен десант, никакви предвремени избори, никакви часови поскоро, тој им платил 50 милиони евра и им ги ветил сите хидроцентрали кога ќе дојде на власт и-летнал. Како балонот дошол над Америка не знае, но кога летал над Македонија забележал дека сите општини под вмро функционираат беспрекорно и дека се спремаат да ги турат Бугарите во Уставот.
-Ај ам Кришчн, Норд Маседониа, ју ноу, Преспа агримент, вмро, ај ам вери хангри, плиииз, хев ју самтинг фор ит, мејби пастрмајлија, сент никол пастрмајлија, енд Т’га ту саут, тенкју.
Човекот е однесен во Шарлот, пружена му е медицинска помош, па е обвинет за обид за шпиунирање на САД и за незаконски влез во територијалните води на земјата.
Сега е во централниот затвор во главниот град на Норд Каролајна.
На влез во ќелијата рекол: Може ли да ме преместите во Јужна Каролина, Северна ме потсетува на мојата татковина и станувам многу тажен.
Истрагата е во тек.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK