Високи потпетици, стари и нечисти алишта се расфрлани по плоштадот „Македонија“, на местото каде се собираа дел од донациите за земјотресите во Турција и Сирија. Од утринава Фотографии се шират на социјалните мрежи за оваа слика на депонија, а организаторите и волонтерите пак велат дека мораат да селектираат што од пакетите може да се употреби.
Тие апелираат пунктот да не се користи за исфрлање на домашен отпад.
– Луѓето носат кутии и кеси има донации кои не можат да се наречат облека, а уште помалку помош – коментираат организаторите.
Извор: Цивил Медиа