ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ им посака богата жетва на лозарите: „Македонското вино одамна е во ЕУ“

February 14, 2023 15:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Македонското вино одамна е во ЕУ. Сите клучни закони од областа на земјоделство и храна ги имаме усогласено со европското законодавство и се врши нивно редовно изменување и дополнување во насока на доусогласување, што е потврдено и од страна на Европската комисија во годишниот Извештај, истакнува во објава на социјалните мрежи вицепремиерот за европски прашања Бојан Марчиќ.

– Северна Македонија е синоним за вкусно грозје, реномирани винарии и врвни македонски вина, кои се најдобрите македонски амбасадори во Европа и светот. Имаме плодна земја која мајсторите на својот занает знаат да ја искористат. Лидери сме во искористеноста на ИПАРД Програмата, финансиска поддршка која ЕУ ја дава за македонските земјоделци и која ќе продолжи и во периодот 2021-2027 година, преку ИПАРД III, чиј буџет изнесува 97 милиони евра. Денеска на празникот Св. Трифун, со закројувањето на лозите и полевањето со вино, лозарите симболично ја означуваат новата сезона на производство, напиша Маричиќ.

Вицепремиерот посочува дека почетокот на преговорите со Унијата значи подготовка за користење на сите предности кои ги носи членството, во областа на вино и храна.

– Ќе бидеме дел од Европската економска зона и дел од единствен пазар меѓу државите членки на ЕУ, со што ќе се овозможат нови пазари и ќе се понудат нови можности за македонските производители. Македонските земјоделци ќе добиваат поголема поддршка и стабилност на пазарот. Пристап до значаен дел од фондовите на ЕУ, многу поголеми од сегашните. Моделот на ЕУ ќе биде поттик за македонските земјоделство, бидејќи постојат механизми за поддршка на малите фарми. Важно е што ЕУ не го ограничува развојот и зголемувањето на производството, како што често може да се слушне во јавноста, туку напротив ја поддржува конкурентноста на производителите и воведувањето на стандардите на ЕУ, а во исто време инсистира на регионална соработка. Ќе регистрираме и заштитуваме традиционални македонски земјоделски производи. Македонската храна и вино ќе бидат 100 проценти безбедни и сигурни и конкурентни на европскиот пазар, вели Маричиќ.

Тој им го честита празникот Св.Трифун на сите верници кои го чествуваат, а на лозарите им посака богата жетва и квалитетно, врвно вино на европскиот пазар

Tags: ВинаЕУМакедонијаМаричиќ
Next Post

Бездомниците во трка со животот во услови на сурова зима и сиромаштија

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

August 16, 2025

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Претпоставувам ќе има средба помеѓу Зеленски, Путин и мене

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk