Во контекст на дебатата во јавниот дискурс низ целиот свет, за тоа дали НАТО, всушност, е во прокси војна со Русија во Украина, беше и новинарското прашање зошто јавноста треба да верува дека НАТО не е во војна со Русија, генсекот на НАТО категорично одговори дека ниту НАТО, ниту сојузниците на НАТО не се страни во конфликтот.
„Она што го правиме како НАТО сојузници и НАТО е да обезбедиме поддршка за Украина. Украина се брани, треба да разбереме што е ова. Ова е војна на агресија. Претседателот Путин, Русија, нападна суверена, независна, демократска, слободна нација во Европа, Украина. И, се разбира, Украина има право да се брани. Правото на самоодбрана е втемелено во Повелбата на ОН, тоа е дел од меѓународното право. И, се разбира, имаме право да ѝ помогнеме на Украина да го задржи правото на самоодбрана. Значи, НАТО и НАТО сојузниците не се страни во конфликтот, но ние ја поддржуваме Украина во правото на самоодбрана“, дециден беше Столтенберг.
Изјавите на Столтенберг и повеќе министри за одбрана непосредно пред почетокот на Состанокот на НАТО министрите за одбрана во Брисел, беше емитувано во живо на видео каналите на НАТО.
Настаните поврзани со Состанокот на НАТО министрите за одбрана во Брисел го покриваат голем број новинарски екипи од целиот свет, вклучувајќи ги и македонските редакции – ЦИВИЛ Медиа, Фокус и ТВ Сител.
Од Брисел: Џ. Дерала / ЦИВИЛ Медиа