ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ никако да добие предвремени избори, сега останаа и без коалициски партнер

February 14, 2023 08:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Христијан Мицкоски. Фото: Принтскрин

Христијан Мицкоски. Фото: Принтскрин

Парламентарното мнозинство синоќа му порача на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека ќе го памети 13 февруари како ден во кој доживеал уште еден пораз во низа.

Мицкоски нема зголемено парламентарно мнозинство, нема парламентарни избори, истакна пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски

-Прво замина Стевче Јакимовски, па Данела Арсовска, па Алијанса за Албанците, затоа се нервозни, нагласи Костовски.

Опозицијата заспелена од желбата за власт се изгуби во сопственото слепило не може да ги препознае вистинските вредности за државата. Кога за 30 години ќе се изучува македонска историја повторно ВМРО-овците ќе бидат на погрешната страна, рече Костовски.

Пратеникот е дециден дека повторно кога се гласа за македонски јазик, идентитет, од ВМРО-ДПМНЕ „ги нема“.

– Празни столчиња, но полни бифеа и полни ходници, се гласа за Фронтекс ве нема. Вие не сте само против ЕУ, туку сте и против Македонија, порача тој.

Ратификувани договорите за ФРОНТЕКС и за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан

Собранието вчера ги донесе законите за ратификација на Договорот за ФРОНТЕКС и на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, со што тие стануваат дел од внатрешниот правен поредок на државата.

Премиерот Димитар Ковачевски во објава на Фејсбук оцени дека ратификацијата на овие клучни договори во Собранието уште повеќе ќе го отворат патот на државата кон евроинтеграциите.

– Со изгласувањето на предложениот Закон за ратификација на Договорот за Фронтекс се ратификува првиот договор кој Северна Македонија го потпишува со Европската Унија, на кој стои чист македонски јазик, без какви било додавки, заедно со сите други јазици во ЕУ. Тоа е ветувањето кое јас го дадов и тоа е ветувањето кое го исполнив. Се заокружува уште едно важно поглавје во однос на заштитата на нашите граници, безбедноста и стабилноста на државата, наведе Ковачевски во објавата.

Премиерот ја поздрави и ратификацијата на Договорот од Иницијативата „Отворен Балкан“ од страна на Собранието, со што, како што наведе, граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без работни дозволи и какви било бариери.

– Го подобруваме и менуваме животот на граѓаните, кои од нас очекуваат одговорност, истрајност и стабилност во преземање државнички чекори, додава премиерот Ковачевски во објавата.

Во реакција на ратификацијата на Договорот за ФРОНТЕКС, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ им се заблагодари на пратениците кои гласаа за ратификување на Договорот.

– Преговарачката рамка со ЕУ преведена на македонски јазик и Договорот за Фронтекс потпишан на македонски јазик. Има ли поголема потврда ЗА добиените европски бенефиции, ЗА заштитениот македонски идентитет и ЗА остварените национални цели? Во исто време, гласно апелирам до опозицијата да не се крие и да не бега од овие големи државни успеси туку да застане одговорно и да се приклучи кон европската интеграција која де факто е посилна и повеќе поддржана од сите нивни блокади. Македонската иднина е гарантирано европска, а тие, опозициските политичари, треба час поскоро да одлучат дали ќе бидат на темната или на светлата страна од поглавјето наречено „Патот на македонскиот народ до Европа”. Во моментов се на погрешната страна, наведе Маричиќ во објава на Фејсбук, во врска со неприсуството на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на другите опозициски партии на гласање на Договорот за ФРОНТЕКС.

Tags: ВМРО-ДПМНЕМицкоскиСобрание
Next Post

Европскиот блок подготвен да ги оствари зацртаните цели

НАЈНОВО

Касами смета дека нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини

August 23, 2025

СДСМ: 4 години разочарувања – 4 години лoкална власт на ВМРО-ДПМНЕ

August 23, 2025

Македонија ќе учествува на ЕКСПО 2027 во Белград

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Оскаровецот Хавиер Бардем го осуди Израел: ИДФ се Нацисти!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk