ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Истражување: Пандемијата ја зголеми стапката на депресија кај младите

February 15, 2023 13:54
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ново истражување за психичкото здравје во Франција открива огромно зголемување на бројот млади луѓе кои пројавиле депресија, а најверојатната причина е Ковид-19 и ограничувањата воведени против ширењето на коронавирусот.

Француската Агенција за јавно здравје вчера ги објави резултатите од последните редовни обемни истражувања за психичкото здравје спроведени во 2021, една година по најакутната фаза на глобалната пандемија. Тие говорат дека 20,8 отсто од лицата на 18 – 24 години рекле дека доживеале епизода од депресија изминативе 12 месеци, во споредба со 11,7 отсто од претходното истражување спроведено 2017 година.

Стапката кај младите е речиси двојно поголема од онаа на целата возрасна популација од 18 до 85 години.

„Стресот предизвикан од Ковид-19 и ограничувањата наметнати за негова контрола се, се чини, една од главните хипотези коишто го објаснуваат овој пораст“, објави Агенцијата.

Влијанието на карантинот, социјалната оддалеченост и другите ограничувања е посилно почувствувано кај студентите и помладите луѓе, бидејќи се смета дека „тие ограничувања го уништиле периодот што се случува еднаш во животот“, кој не може да се повтори. Несигурноста дополнително ја зголемува вообичаената анксиозност поврзана со растењето и развојот на личноста.

– Неизвесноста за иднината одигра голема улога, што има многу важно влијание на таа возраст, ​​вели Енжеран ду Роскоа, еден од авторите на француското истражување и стручњак за ментално здравје.

И други испитувања во светот дадоа слични резултати. Имено, скоро 57 отсто од американските тинејџерки се чувствувале постојано тажно или безнадежно во 2021 година, двојно повеќе од момчињата, се вели во извештај на американските здравствени власти. Ова е пораст од речиси 60 отсто од 2011 година и највисоко ниво забележано изминатово десетлетие.

 

Tags: ДепресијакоронавирусФранција
Next Post

Кај Пендаровски ќе земат плата за јануари, се договориле со МФ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk