Лекови, медицински материјал, шатори, кревети и ќебиња испраќа Грција во Сирија, преку Европскиот механизам за цивилна заштита, за погодените од минатонеделните земјотреси, објавија грчките медиуми.
Од надлежното грчко министерство соопштиле дека Грција уште од прв момент била подготвена да испрати хуманитарна помош и дека доцнењето не е по нејзина вина.
Додале дека напротив, вложила големи напори веднаш да биде испратена помош, заедно со Европската комисија и Европскиот механизам за цивилна заштита, преку кои се обезбедува координирано и ефективно обезбедување помош од земјите-членки во погодените области.