ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повторно закани за бомби во Македонија: „Центри на моќ сакаат неспокој, сите капацитети се ставени во функција“

February 16, 2023 08:12
in ДЕНЕС, ХРОНИКА

И вчера нови закани за експлозивни направи во повеќе училишта низ државата, информираат од МВР.

Во Министерството за внатрешни работи било пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и четири училишта во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Во 18.30 часот вчера завршија сите потребни проверки во врска со пријавите и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Од 26 октомври лани, анонимните пораки за поставени бомби во земјава најпрвин почнаа да стигнуваат до основните и средните училишта речиси секој ден во работните денови, а мета станаа и трговски и деловни центри, државни институции, спортски објекти, полициска станица и Меѓународниот аеродром Скопје.

Како одговор на тоа, Владата веќе формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани со кој ќе раководи Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи (МВР).

За само година и половина имаме засилување на хибридните закани и напади, не само во Северна Македонија туку и во државите во регионот, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ Шења.

-Такви се заканите и до училиштата, да создаваат чувство на страв. Но, тука државата покажа капацитет за да се сочува мирот и стабилноста. Пораките што тука ги добиваме, односно училиштата, се исти со тие од регионот, во Хрватска, во Србија, во Црна Гора, во Босна и Херцеговина и други, дури и текстот е идентичен само на друг јазик. Тоа значи дека има еден центар на моќ кој сака овој регион да го доведе во ниво на неспокој. Сите капацитети се ставени во функција. Соработуваме и со Интерпол и Европол, сите до еден се вклучени во процесот. Имаме сериозен проблем во детекцијата, бидејќи се користи ВПН-мрежата и тешко се доаѓа до ИП-адресата, па затоа ова е транснационален криминал, не можеме да дознаеме кој го прави, но знаеме зошто го прави – за да се спречат сите процеси за земјата и во
регионот, кажа Спасовски.

Tags: закани за бомбиМВРСпасовскиучилишта
Next Post

Промена на име или укинување: Истекува рокот за пререгистрација на бугарските клубови

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk