Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, чија политичка иднина беше предмет на интензивни шпекулации, рече дека претседателот Володимир Зеленски побарал од него да остане на сегашната функција, јавува Ројтерс.
Запрашан во интервју за Ројтерс дали очекува да продолжи како министер за одбрана во месеците што следат, тој одговори: „Да, тоа беше одлука на мојот претседател“.
Иднината на Резников беше доведена во прашање во последниве недели, откако висок парламентарец од партијата на Зеленски рече дека тој ќе биде сменет. Но, Резников остана на функцијата.