Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити денеска го пречека тимот на спасувачи на доброволното здружение „Бајрам Мифтари“ од општина Чаир, воедно и членови на Црвениот крст, кои се вратија од спасувачката акција спроведена во Адијаман, во Турција, погоден од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари 2023 година.
-Нашите херои Артан Демири, Хетем Арслани, Сефер Демири и Исуф Јакупи информираа за акцијата за спасување човечки животи. Со емоции тие раскажаа и многу тажни моменти од ситуацијата со која наишле во турските градови по земјотресот, но и моментите на радост што ги почувствувале кога спасувале животи и по 118 часа под урнатините на зградите. Нема зборови со кои може да се опише нивното херојство, хуманост, храброст, како и на сите членови на спасувачките тимови кои учествуваат во оваа хуманитарна акција во Турција, велат од Црвениот крст.