ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ДУИ: Криминалното здружение ВМРО – ДПМНЕ на шпицниот командант Мицкоски е антиалбанска партија

February 20, 2023 13:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Судско потврденото криминално здружение ВМРО – ДПМНЕ на Христијан Мицкоски прерасна во двигател на антиалбански наратив во нашето општество и се натпреварува со Левица на Апасиев во расистички напади, се вели во соопштението на ДУИ.

„Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Мартин Протугер, Биљана Бошковска, Елизабета Чингаровска и многу други со јавно признание пред суд признаа и потврдија дека ова ВМРО – ДПМНЕ на Мицкоски е криминално здружение и тоа го запечати судот со пресуда.

ВМРО – ДПМНЕ на Мицкоски е единствена партија во земјава чиј целосен имот е замрзнат од судот поради признанието дека е криминално здружение.

Во обид да го сокрие овој голем срам, скандалозно унапредениот син од страна на неговиот татко на факултет, Христијан Мицкоски, идеолошкиот партнер на Додиќ, Јанша, Орбан и Апасиев и политички хидро-бизнисмен, соработник со неговите бивши заменици и анти – НАТО и анти – ЕУ елементи во нашето општество, крои антиалбански наратив за да заличи на Левица на Апасиев и да придобие од неговата популарност кај екстремистичките кругови.

Градоначалници на ова ВМРО – ДПМНЕ на Мицкоски тврдат дека имаат насока од страна на Mицкоски, ака шпицен командант, да не издаваат потврди за легализација на домови на Албанци во нивните општини согласно законот и под никакви услови да не ангажираат компании на Албанци во нивните општини како и да не издаваат дозволи за градби поради расистички демографски политики.

ВМРО – ДПМНЕ на Мицкоски е синоним на корупција, блокада и заложништво, а тоа го потврди и Судот, признанијата и Данела Арсовска, но и целосната меѓународна изолираност на ова ВМРО – ДПМНЕ.
Најголема корупција е да ја држиш својата држава и својот народ во изолација и во постојани меѓуетнички тензии.

Дополнително, и шпицниот командант Мицкоски како и Апасиев во нивните сограѓани Албанци гледаат само како подредени граѓани, како граѓани од втор ред, Албанци кои не смеат да бидат на високи државни позиции, и тие што се на тие позиции, веднаш ги напаѓаат со клевети, лаги, измислици, без никакви факти и аргументи.

Единствената слика што ја поседува и ја објави шпицниот командант со калашников во раце, иако опкружен со жени и семејства на испраќање на таа фотографија, е порака кон Албанците.

Ова не поминува, не го поддржуваат граѓаните, но ниту и членовите на ВМРО – ДПМНЕ и не може да го сокријат со секојдневни банални клевети, лаги, измислици, конструкции за да ја дефокусираат јавноста од нивните одлики на антиалбанска, изолациона, осамена и коруптивна партија.

Ги повикуваме членовите на ВМРО – ДПМНЕ да се дистанцираат од овие расистички и изолациони анти – НАТО и анти – ЕУ политики на шпицниот командант и да ја одвратат партијата од овие погубни политики“, додаваат од партијата на Ахмети.

Tags: ВМРО-ДПМНЕДУИ
Next Post

ФЗОРСМ : Почна исплатата на боледувањата, породилните и рефундациите

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk