Компанијата Кожувчанка побара да се отстрани логото на „Синалко“ од емисијата на јутуберот Лазаров.
Од компанијата нагласуваат дека не поддржуваат емисии во кои се промовира таков говор, каков што беше случајот со емисијата во која гостуваше новинарот Драган Павловиќ – Латас.
Сопственикот на Кожувчанка и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев вели дека не е помеѓу спонзорите на јутјуберот, а логото со „Синалко“ најверојатно стои помеѓу спонзорите, бидејќи во минатото имале соработка со него на проект, кој траел околу 15 дена.
„Кожувчанка, односно Синалко не го спонзорира шоуто на јутјуберот Лазаров, а по емисијата во која се зборува за насилство над девојки и жени, веднаш бараме тој да го тргне нашето лого. Остануваме доследни на нашите начела и ја даваме поддршката на проекти за кои веруваме дека се општествено корисни“, велат од компанијата.