ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Иванов за Николоски: Реториките се продукт на партиските штабови, таквите говори потпалуваат одредени кругови

February 22, 2023 13:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот и аналитичар Зоран Иванов за „Локално“ го прокоментира, како што го нарекуваат „воинствениот говор“ на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во Собранието. На говорот жестоко реагираа од Демократската Унија за интеграција, кои велат дека тој „поттикнува војна и меѓуетнички тензии“.

Тој оценува дека на Македонија баш не ѝ се пишува добро со вакви „собраниски“ политики“ од страна на највлијателните политички субјекти.

Зоран Иванов
Зоран Иванов

-Збор не слушнавме за реформи, за градење одржливи системи во сите сегменти, институции кои не ќе зависат од дневните политики. Во ваквите меѓупартиски глодања може да е вистина се` исто толку колку што може да биде се` невистина. Криминалот нема етничка боја па обвинувачите обвинувањата треба да ги достават до надежните институции и, притоа, на приговорите дека тоа не го прават будејќи се тие партизирани, еве им можност самите да си се запрашаат како дојде до нивна партизираност и кои се партиципиенти вложуваа во партизираност на државата, вели Иванов за „Локално“.

Смета дека немаме ништо од паушали освен непродуктивна „политичка забава“.

-Политичарите треба да се одговорни и да ги користат, а така и да ги јакнат, институциите за процесуирање на обвинувањата. Без тоа се е плитка, проѕирна партиска кампања од која страни таа и` да доаѓа, констатира соговорникот.

За говорот на Николоски во Собрание за кој дел од јавноста процени дека наликува на заплашување со нова војна, Иванов вели дека ништо не е обично.

-Реториките се продукт на креациите по партиските штабови. Дечкото е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Од локалните избори наваму таму е се` подредено што поскоро да се дојде на власт. Да се запоседнат државниот буџет и институциите и да се подјармат под партиска директива. Веќе видено од стилот на владеење на оваа партија. Но таквите говори потпалуваат одредени кругови, иритираат нечии страсти па не би се изненадил ако наскоро на некој спортски натпревар или во градски автобус на меѓу национална релација меѓу младите повторно почнат да се случуваат режирани или спонтани меѓуетнички инциденти, смета новинарот.

Tags: ИвановНиколоскиСобрание
Next Post

Европарламентарката Јовева за Пендиков: Случајот да не биде злоупотребуван од националистичките политичари за дополнително ескалирање на ситуацијата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk