Речиси 300 осомничени за воени злосторства се обвинети во Украина од почетокот на војната – од кои 26 се веќе судени и осудени, пренесува Скајњуз.
Украинскиот обвинител кој ги координира случаите на воени злосторства во Хаг рече дека пресудите се за злосторства, вклучително и силување и убиства, гранатирање станбени згради, суров третман на цивили и ограбување.
Досега Украина има регистрирано повеќе од 71.000 наводни воени злосторства, рече Мирослава Красноборова.
„Злосторствата и уништувањата предизвикани од Русија се колосални и бескрајни. Оваа штета не може да се врати, но она што можеме да го направиме е да се погрижиме одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата. Вкупно 296 лица досега се обвинети за воени злосторства, а 99 случаи во моментов се водат од украинските судови“, рече г-ѓа Красноборова.
Русија негираше дека извршила злосторства или дека цели на цивили.
Подготви: А. Р.