Економската поддршка на блокот оваа година е зголемена на 39 милијарди долари (32 милијарди фунти) од нејзиното првично ветување од 32 милијарди долари (26 милијарди фунти), објавено на крајот на 2022 година.
Министрите за финансии на Г7 и гувернерите на централните банки денеска се состануваат во индискиот град Бенгалуру, пренесува Њузскај.
Финансиската поддршка за Украина е главната точка на дневниот ред, еден ден пред годишнината од војната.
Г7, исто така, ја истакна потребата од „целосно финансирана“ програма за поддршка од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Украина до крајот на март.
Кијив бара да обезбеди програма од 15 милијарди долари со ММФ – голема финансиска агенција на ОН – за покривање на итна финансиска помош и поддршка за обнова на неговата инфраструктура.
Шуничи Сузуки, министер за финансии на претседавачот со Г7 Јапонија, денеска изјави дека блокот е „непоколеблив“ во својата „заложба за поддршка на Украина“.
Подготви: А. Р.