Вицепремиерот Фатмир Битиќи синоќа за ТВ ШЕЊА изјави дека и покрај сите шпекулации, а можеби и желбите на опозициските партии, граѓаните да немаат струја во текот на 2022 година, дека ќе има рестрикции за струја, дека немаме струја во 2023 година, струјата да биде за 70% поскапа, се случи спротивното.
„Ние како Влада престанавме да шпекулираме, опозицијата има право да шпекулира, нашите граѓани, нашите сограѓани имаат струја. Нашите граѓани ниту за момент не останаа без струја, освен мрежните проблеми кои може да настанат. Поскапувањето според опозицијата требаше да биде 70%-90%, поскапувањето беше во просек 7%, минатиот пат го спуштивме за различни категории. Поставивме блок тарифи, ги заштитивме оние кои трошат и тешко плаќаат струја, заштитивме 97 отсто од потрошувачите кои се најдоа во тарифите 1 и 3 не добија покачување на струјата“, рече Битиќи.
Тој рече дека можеби на граѓаните се уште не им е јасно дека за секоја сметка што ја плаќаат од 1000 денари, државата плаќа дополнителни 800 денари, и тоа за секое домаќинство.