ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Проф.Козарев: Игнорирањето на лажните закани за бомби е во интерес на нивните предизвикувачи

February 23, 2023 12:36
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ХРОНИКА

Евакуирани деца и наставници, растрчани родители, ослободени вработени од работа. Ова е најчестата слика во С. Македонија од 26-ти октомври 2022 година од кога за првпат започнаа да пристигнуваат лажните закани за поставени бомби низ повеќе објекти во земјава. Дојави и денеска повторно ги испразнија училиштата во Скопје.

Иако досега сите вакви пријави се покажаа како лажни, сепак кај граѓаните преовладува револт и се бараат итни мерки. Надлежните во повеќе наврати повторија дека ваквите немили сцени се дел од хибридните закани со кои се соочува нашата држава и дека речиси е невозможно да се открие кој ги праќа бидејќи се преку т.н. WPN врски хостирани во странство.

Дел од јавноста го поставува прашањето дали треба да отрпнеме и повеќе да не реагираме на ваквите закани.

Според проф. д-р Атанас Козарев, претседател на Асоцијацијата за корпоративна безбедност, загрижуваат две работи: интензитетот и континуитетот на лажните закани. Тој во разговор за „Локално“ истакнува дека живееме и функционираме во дигитален свет.

Според него, игнорирањето на лажните закани за бомби е во интерес на нивните предизвикувачи.

-Што би се добило со игнорирање? Едноставно ќе се испрати порака дека не сме подготвени да го имплементираме системот. Паниката и вознемиреноста повторно ќе постојат кај учениците и другите субјекти кои се таргетитани и изложени на оваа опасност. Безбедносните институции, а посебно Бирото за јавна безбедност во реакцијата и превземените мерки и активности ја зголемија безбедноста преку детална проверка на секој случај и елиминирање на секоја лажна дојава за бомба. Вие како медиуми секојдневно имате прилози на кои се гледа како полицијата излегува на терен, постапува согласно законот и со тоа им испраќа порака на граѓаните дека нивната безбедност е приоритет за Бирото за јавна безбедност! Значи, ги отфрлам паушалните пораки од поединци за самореакција, затоа живееме во држава во која има систем и капацитет за ефикасна и ефективна реакција, вели Козарев.

Целиот текст на следниот линк!

Tags: закани за бомбиКозаревМВРнапади
Next Post
Оваа воздушна фотографија покажува оштетена станбена зграда во градот Лиман, Доњецка област, на 22 февруари 2023 година, среде сеопфатната војна на Русија против Украина. (Фото: Ихор Ткачов/АФП)

Едногодишен времеплов на руската инвазија врз Украина

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk