ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Блинкен ги предупреди ОН да не се залажуваат со повиците за примирје кое ќе ја засили Русија

February 24, 2023 20:57
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска го предупреди Советот за безбедност на ОН да не се залажува со повиците за привремен или безусловен прекин на огнот во Украина, велејќи дека само „праведен и траен“ мир нема да дозволи Русија да се санира, вооружи и да ја продолжи агресијата.

-За мирот да биде праведен, тој мора да ги содржи принципите што се во темелите на Повелбата на ОН: суверенитет, територијален интегритет, независност. За мирот да биде траен, таа мора да обезбеди Русија да не може само да се одмори, да се вооружи и за неколку месеци или за две години повторно да ја почне војната, рече шефот на американската дипломатија пред 15-члениот Совет за безбедност на ОН, што се состана на годишнината од почетокот на руската агресија врз Украина.

Предупредувањето на Блинкен доаѓа само неколку часа откако Кина повика на прекин на непријателствата со нејзиниот план од 12 точки што во голема мера го повторува тоа што Пекинг го кажува од почетокот на, како што Русија го нарекува „специјална воена операција“.

-Секој мир што го легитимира насилното руско грабање територии ќе ја ослаби Повелбата (ОН) и ќе испрати порака до потенцијалните агресори дека можат да ги нападнат земјите и да се извлечат од тоа, рече шефот на американската дипломатија.

Генералното собрание на ОН вчера со големо мнозинство гласаше за резолуција со која се повикува Русија да ги повлече своите трупи од Украина и за „сеопфатен, праведен и траен мир“ во согласност со основачката Повелба на ОН.

Ниту еден член на овој Совет не треба да повикува на мир додека ја поддржува војната на Русија против Украина и Повелбата на ОН, рече Блинкен, кој ја обвини Кина дека размислува да и испорача оружје на Русија и го предупреди Пекинг да не го прави тоа.

Од почетокот на инвазијата западните сили ја снабдуваат Украина со оружје вредно повеќе милијарди долари. Кина вчера пред Генералното собрание изјави дека „испраќањето оружје нема да донесе мир во Украина“.

Извор: МИА

Tags: БлинкенмирОНРусијаУкраина
Next Post

Грковска - Јеоп Сон: Координирано да работиме за надминување на поделбите по сите основи

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk