На лидерите на Северна Македонија сакам да им изразам благодарност во името на САД за заложбата во борбата против руската агресија. Ја докажавте својата вредност како членка на НАТО, како бранител на демократскиот интегритет, изјави Ерик Мејер, заменик на Амбасорката на САД, на конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.
„Денеска е тажен ден, одбележуваме една година од кога Русија непровоцирано ја нападна Украина. Денеска е денот кога треба да се оддаде почит на храброста на Украинците и нивната посветеност кон демократијата и слободата“, рече Мејер.