ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Нова мерка за поддршка на откупувачите и преработувачи на бел ориз за најлонска и хартиена амбалажа за поголем извоз и нови пазари

February 24, 2023 14:04
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ја посети компанијата Левидиагро од Кочани, од каде извести за новата мерка од Програмата за рурален развој, со која им помагаме на откупувачите и преработувачи на бел ориз да го зголемат извозот и да ги намалат трошоците за амбалажа .

„Поддршката за оваа мерка изнесува 2,5 денари по пакување во најлонска амбалажа до 500 грама, односно 5 денари по пакување во најлонска амбалажа до 1 килограм. За пакување во хартиена амбалажа до 1 килограм бел ориз поддршката изнесува 10 денари по пакување. Со новата Програма за рурален развој овозможивме нова мерка, која ја ставаме на располагање за откупувачите и преработувачи на бел ориз со што директно го помагаме извозот и отвораме нови пазари каде ќе биде пласиран и продаван нашиот македонски ориз” изјави министерот Николовски.

Мерката е подготвена заедно во соработка со земјоделците, откупувачите и преработувачите, како одговорно министерство кое секогаш ги слуша потребите на земјоделците и земјоделските стопанства.

„Денес при посетата на Кочани видов дека без никакви проблеми се одвива и откупот на оризот. Ја имаме досега и највисоката откупна цена на оризовата арпа која се движи од 30 до 36 денари во зависност од квалитетот на арпата и рандеманот при луштење. Среќен сум што уште пред почетокот на откупот преку дијалог меѓу оризопроизводителите и откупувачите, а помогнат од министерството, успеавме да постигнеме добра цена која ги почитува трошоците и маката на земјоделците. Како искрен партнер ние сме секогаш на страната од земјоделците, а тие го знаат тоа” потенцираше Николовски.

Дополнително покрај редовните субвенции оризопроизводителите ги поддржуваме и со мерки за набавка на нова механизација, како специјализирани комбајни или сушари за ориз, за да го олеснат и модернизираат своето производство. Минатата година доделени се 25 комбајни за ориз со вкупната вредност на набавката од 32 милиони денари. Оваа мерка ќе продолжи и во 2023 година.

Преку Програмата за рурален развој на оризопроизводителите им нудиме нова мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството. Мерка со која ќе можат преку отворен јавен повик во текот на целтата година да аплицираат тогаш кога тие ќе бидат подготвени за грант до 10.000 евра, за набавка на нова опрема и механизација со која ќе го модернизираат производството.

Tags: бел оризМЗШВНиколовски
Next Post

Амбасадорката Аксинте: Бруталната војна на Русија предизвика големо патење на Украина и украинскиот народ

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk