Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ги постигне своите цели во Украина, една година откако московските трупи ја нападнаа земјата.
– Колку порано рускиот претседател сфати дека нема да ја постигне својата империјалистичка цел, толку е поголема шансата војната наскоро да заврши. Путин ја има во свои раце. Тој може да ја заврши оваа војна, рече Шолц.