Срамота е само во 5 години ВМРО-ДПМНЕ да ја покачи просечната плата за само 11% или од 2012 до 2017 таа да се покачи за незначителни 2.381 денар, сподели вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.
„Не е срамота, што од 2017 до 2022, исто за период од 5 години владата предводена од СДСМ ја покачи за 44% или за 10.514 денар. А најголем дел од ова зголемување, близу 60% или 7.497 денари е во мојот мандат од јуни 2020 до декември 2022, за само 2,5 години. Не знам дали во ВМРО – ДПМНЕ има се уште некој кој знае да чита бројки а не само партиски нарачки“, истакна тој.
Битиќи порача дека платите ќе продолжат да растат, минималната во март ќе порасне повторно, по утврдена методологија, системски, не по нечија желба или преговори во 4 очи.
„Да се исполнува ветеното не е срамота Да се работи за граѓаните е обврска, чест и привилегија“,додаде вицепремиерот.