ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Единството за Украина е единство за мир и правда

За да се живее во свет каде споровите меѓу државите се решеваат без сила, сите земји треба да признаат дека предизвикот на Русија по меѓународниот поредок од периодот по 1945 година влијае врз нив, без разлика на нивниот политички систем или сојуз. Со загрозени основни принципи на суверенитет и независност, неутралноста не е опција.

February 27, 2023 15:33
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Бан Ки Мун и Хуан Мануел Сантос / Proyect Syndicate

Незаконската инвазија на Русија врз Украина – бесрамен обид да се уништи една независна, суверена држава која живее мирно во рамките на признаените граници – покрена длабоки прашања за светот во кој сакаме да живееме и за тоа како треба да се управуваат меѓународните односи во иднина. По една година, потрагата по одговори е уште поитна и мора да вклучува земји блиску и далеку од војната.

Неуспехот да се одбранат основните принципи на суверенитет и независност било каде носи ризик да се отвори вратата за автократски и агресивни режими насекаде. За да се живее во свет каде споровите меѓу државите се решеваат по пат на преговори наместо сила, мора да признаеме дека предизвикот на војната по меѓународниот поредок од периодот по 1945 година влијае на секоја земја, без разлика на политичкиот систем или сојуз. Всушност, помалку моќните земји би страдале најмногу доколку светот се подели на натпреварувачки блокови, како што беше случај за време на Студената војна.

Како поранешен Генерален секретар на Обединетите нации и поранешен претседател на Колумбија, ние не гледаме на војната во Украина од Источен или Западен аспект. Кога го посетивме Кијив во август 2022 година, по покана на претседателот Володомир Зеленски, тоа го направивме како членови на The Elders, групата независни лидери која Нелсон Мандела ја основаше за залагање за мир, правда, човекови права и одржлива иднина на оваа планета. Како Elders, ние сме заинтересирани за ставање крај на војни, а не да ги добиваме истите и сметаме дека никогаш не е прерано да започнеме да се подготвуваме за иден дијалог за постигнување на праведен и одржлив мир во согласност со Повелбата на Обединетите нации.

Гледаме на оваа страшна војна и на нејзините последици низ глобален објектив. Разбираме дека за земјите кои се соочуваат со инфлација и сиромаштија поради колапсот на залихите на жито и енормно зголемените цени на енергијата, бранењето на меѓународните норми и барање одговорност од Русија се помалку итни прашања отколку прашањето со кризата со обезбедување храна која им се заканува на милиони ранливи луѓе.

Слично, разбираме зошто, во време кога динамиките на геополитичката моќ стануваат помалку предвидливи, некои земји се обидуваат да ги балансираат своите политички и економски интереси на начини за кои сметаат дека ќе помогнат да се зачува нивната идна безбедност и просперитет. За многу земји во Африка, Азија и Латинска Америка, зборувањето на Западот за почитување на вредностите на „меѓународната заедница“ се чинат неискрени, имајќи го во предвид неуспехот на богатите земји да ги дистрибуираат вакцините подеднакво за време на пандемијата со Ковид-19, или да го испорачаат долго ветуваното финансирање за справување со климатската криза.

Сепак, одговорот од Азија, Латинска Америка и други делови од светот надвор од Европа и Северна Америка не смее да биде повлекување од меѓународното право и универзалните права, или да се остане неутрален кон тоа што се случува во Украина. Спротивно на тоа што некои сугерираат, неутралноста не ги унапредува перспективите за мир, тоа само го охрабрува рускиот претседател Владимир Путин да биде упорен во неговата цел за уништување на Украина, а може да охрабри слични акти на агресија и територијална експанзија на други места.

Поминати се 80 години од Московската декларација, кога сојузниците за време на војната се обврзаа на „општа меѓународна организација, заснована на принципот на суверена еднаквост на сите мирољубиви држави“. Денес, потребна ни е обновена заложба од страна на сите земји членки на ОН да ја одиграат својата улога во заживување на праведниот поредок заснован на правила, кој штити и функционира за секого, вклучително и најмалку моќните.

Постигнување и одржување на ревитализиран меѓународен поредок бара поправедни системи на глобално управување и поголема конзистентност во примената на правилата. Растечките регионални сили имаат витална улога да одиграат – и важни избори да направат – во тој однос. Минатогодишниот самит на Г-20  покажа како регионални сили како Индонезија може да помогнат во премостување на поделбите. Политичките лидери повторно ја потврдија централноста на Повелбата на ОН и осигураа интересите на Глобалниот југ да бидат одразени во дебатите и конечните заложби, како што се за обезбедување храна и енергија.

Сега, Г-20 претседателствата на Индија, Бразил и Јужна Африка нудат можност за надоврзување на достигнувањето на Индонезија во наредните три години. Не смее да се дозволи сегашните раседни линии да ја заматат основната цел што сите ја споделуваме: свет во кој споровите се решеваат мирно и во согласност со меѓународното право и обврските за човековите права.

Враќање на кредибилитетот на мултилатералниот систем бара повеќе од етичко лидерство и морална конзистентност. Бара, исто така, и амбициозни реформи во архитектурата на глобалниот мир и безбедност – задача што мора да го вклучи трнливото прашање за реформирање на Советот за безбедност на ОН.

Потребен ни е систем кој е поправеден, повеќе претставуван и способен за преземање одлучувачка акција како одговор на сериозните прекршувања на Повелбата на ОН. Како што се движиме кон Самитот на иднината, што Генралниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го планира за следната година, му должиме не само на украинскиот народ, туку и на целото човештво да ја одбиеме агресивноста и да ставиме крај на неказнивоста на агресорите. На тој начин ќе можеме да го исполниме ветувањето на Повелбата на ОН за свет ослободен од злото на војната.

Превод: Наташа Цветковска


Бан Ки Мун е поранешен генерален секретар на Обединетите нации и поранешен министер за надворешни работи на Јужна Кореја.

Хуан Мануел Сантос е поранешен претседател на Колумбија, добитник на Нобеловата награда за мир.

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бан Ки Мун и Хуан Мануел СантосОНРусијаУкраина

НАЈНОВО

Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

June 15, 2025

Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

June 15, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Парадата – прослава или диктаторско однесување на Трамп?

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: Дебар Маало со нов лик – добива два паркинга, парк, шеталиште и нова општинска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk