Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера побара од дел од медиумите, како што наведе блиски до СДСМ и ДУИ, да се извинат поради тоа што објавиле дека купил и реновирал куќа во Козле во вредност од еден милион евра.
„Индекс.мк“ објави дека Мицкоски купил и реновирал куќа во населбата Козле која вреди над еден милион евра, меѓутоа наместо на негово име таа е регистрирана на името на неговиот зет за сестра.
Претходно и порталот „Инфомакс“ објави дека таткото на Христијан Мицкоски располага со три стана во Скопје и еден во Охрид.
Фронтлајн го потсетува лидерот на опозицијата дека може да го тужи само медиумот кој изворно ја објавил веста, а тие кои решиле да ја преземат веста според сите новинарски правила не подлежат на неговите закани. Во секој случај, во продолжение неговата објава на Фејсбук: