ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Секс за возрасни

February 27, 2023 13:39
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ЧУПЕСКА

Очигледно се качивме на возот наречен “мегаломанска желба за власт”. Предизборните кампањи се залауфани – дебело. Власта “директно бара” опозицијата “као не да”. Одвај чека “да се сопне”. Метеоролозите велат, ќе биде весело. Јас мислам ќе биде особено напорно.

Освен тоа, немаат сите ист капацитет да останат долго – без возух, а под вода. Ова е серозна варијабла чие влијание допрва ќе се интензивира. Видливо. Глава по глава, ќе излегуваат од под водата. Секоја глава со различен капацитет на свест, но и на разорност. А, Павле пуца први. Тоа е алерт. Ќе гледаме циркузи, мили мои. Бизарни до душа, и особено напорни.

Како и да е, предизборниот ПЕТИНГ што му се сервира на граѓанството, во секој случај му гарантира “безусловен секс”: кога тогаш. Што и не е лошо само по себе. Подобро безусловен секс, велат во ВМРО, одошто “условен влез во ЕУ”. OMG! Знаат ли таму дека сексот без заштита носи големи ризици? Се сомневам. Е сега, бидејќи, сексот е неизбежен, сепак, ние, како 30-годишно независно граѓанство би сакале да чуеме барем

КАДЕ ЌЕ СЕ РАЗБУДИМЕ ПОСЛЕ ИЗБОРНАТА НИРВАНА?

Од една страна, власта не престанува со преслушување на LP-то: “Европа Европа”, иако плочата вeќе почна да прескокнува, па се е понејасна содржината на песните, додека, од друга страна, опозицијата си го слуша “Тешкото” – чат пат, уз добра стара “Антика” и бугарофобија. А по најново и албонофобија од најдолен вид, на т.н. “дно-дна”. Притоа, оваа отворена и интензивирана врмовска албанофобија – не знам како ќе се помири со најновите барања во албанскиот опозициски блок за формирање на заедницата на албански општини? Или, како вие од опозицискиот фронт ќе помирите два дијаметрално спротивни етно-поп агитации?! Тешка е таа операција, другарчиња. Неодржлива. Симултано, вака спакуваната владеачка МУЛТИ ВИТАМИНСКА КОАЛИЦИЈА тешко дека може да направи било каков позитивен исчекор во овој момент, затоа што е се поочигледно, дека Бугарите заедно со Црногорците, Хрватите, Египќаните, Евреите, уште малку ќе попричекаат во ЖЕНА ПАРК – барем, до после изборите. Или не ?!(Жената Парк, исто така, е битен локус, зарем не?)

Значи, Вие од Власта, мора да ни обезбедите иднина каква што заслужуваме: европска! Тоа се очекува од вас како естаблишмент, а притоа да гарантирате дека нема да западнеме во тешка политичка криза – поттикната од предизборни петинзи и надразнети орангутани. Или сексот е за возрасни, или нема петинг. Тоа е Ваша обврска – влез во ЕУ! Но, ако ја прифатиме оваа реалност, прашањето е дали има барем некој политички фактор од опозицијата која се заколна на “ГОЛЕМОТО НЕ” во врска со уставните измени – да не удостои со нивната ПЛОВНА МАРШУТА, или да каже КАДЕ ЌЕ ПЛОВИ БРОДОВ НАШ???

Ќе кажете ли веќе еднаш каде сакате да не однесете со тие ваши избори? И како?

Ако го менувате “Преспанскиот”, или како што велите: “ќе го ништите”, на чело со МАНУКАУСТ (Тричковски) – кај ќе ни биде крајот, т.е. почетокот? Сериозно ли мислите дека ќе може да ги измените меѓународните обврски на земјава кои се клучни за стабилност на регионов? Не знам како не гледате дека граѓаните веќе имаат доволно години самостојна држава за да можат да се задоволат со излитени предизборни PULP FICTION ПРИКАЗНИ, од типот: “само да доеме на власт, има све да процвета, да напраиме највисоки плати, пензии, нула корупција” ….бла бла бла….држ ме Митро се “онадив”. Народот, другарчиња, е созреан и заслужува да ја знае ДЕСТИНАЦИЈА кај што ќе биде превејан, затоа што картата СКАПО Е ПЛАТЕНА, и не сака петинг. Сака, конкретно. Секс за возрасни.

Но, ако навистина се исцрпени можностите за уставни измени, не гледам причина уште утре да не се распушти оваа власт и да се прогласат предвремени избори. Ова би било особено интересен GAME CHANGE, посебно корисно за BSDM. Но, само во случај доколку опозицијата понуди конкретен план, а не да млати празна слама со “гатачки предикции со кугла, јбт”. Секако дека тоа нема да се случи, затоа што опозицијата бара власт, а моли бога да не ја добие!

Што ќе прави тогаш со уставните измени?!

Што ќе прави со стратешкиот евроатлантски курс на земјава?!

Што ќе прави со поддршката од Сојузниците?!

Како ќе се помират албанофобијата и најновите барања на албанската опозиција?!

Одговорете на ова, па ќе види и возрасното граѓанство дали навистина сака предвремени избори.

Во меѓувреме, додека траат петинзиве, да пробаме да изградиме мостови за соработка на заедничка евроатлантска платформа, ние сите што сме посветени на прогресот и на евро-извесноста, независно од идеолошките и етничките консидерации.


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од Либертас.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: властВМРО-ДПМНЕЕУизбори

НАЈНОВО

Трамп рејтинг

Белата куќа: Трамп ќе изврши притисок на самитот на НАТО за зголемување на трошоците за одбрана

June 23, 2025

Велика Британија го предупредува Иран дека нападите врз американските бази и блокадата на Ормутскиот теснец би биле катастрофална грешка

June 23, 2025

САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност

June 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот од политичари во Брисел кои сакаа да го нанесат врз македонскиот идентитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk