За Јапонија или било која друга земја не постои опција за неутралност во контекст на војната во Украина. Ова го изјави јапонскиот амбасадор во Украина, Кунинори Мацуда во своето обраќање на третиот украинско-јапонски форум „Одговорно партнерство. Украина и Јапонија во контекст на руската војна“.
Јапонскиот дипломат истакна дека сега за Јапонија и Украина стана многу поочигледно дека двете земји имаат многу заеднички предизвици и заеднички интереси, а нивниот заеднички сосед – Русија – е едно од многуте прашања со кои двете земји треба да се занимаваат, пренесува Укринформ.
„Од првиот ден од оваа руска агресија, премиерот Фумио Кишида го постави тонот на јапонскиот дискурс и политиката на Јапонија. Она што се случува сега во Украина, порано или подоцна може да се случи и во Источна Азија, така што не постои неутралност, не само за Јапонија, туку и за која било друга земја. Исто така, не постои нешто како што е вообичаено со Русија“, рече Мацуда.
Тој додаде дека Јапонија има многу строг пакет санкции против Русија.
„Денеска го објавивме најновиот пакет санкции против Русија. А, исто така, активно сме вклучени во финансиска, буџетска, хуманитарна, техничка поддршка, како и несмртоносна воена поддршка за Украина. И, исто така, активно контактираме со глобалниот југ, а особено оние земји кои седат на оградата и не се решени што да прават со оваа војна“, рече амбасадорот.
Мацуда истакна дека неодамнешното гласање во ОН за украинската резолуција докажа дека меѓународната поддршка за Украина останува силна.
Подготви: А. Р.