Руските трупи го гранатираа градот Херсон во вторник, 28 февруари, при што се забележани цивилни жртви, објави шефот на кабинетот на претседателот, Андриј Јермак на својот канал на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Русите повторно го гранатираа Херсон. При гранатирањето е уништена приватна станбена зграда. Една жена е повредена. Исто така, познато е дека едно лице загинало“, рече тој.
На 27 февруари руската армија го гранатираше регионот Херсон 119 пати.
Подготви: А. Р.