ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Бел леб на црно

March 1, 2023 07:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Што ако народот почне да купува бел леб на црно? По цени кои ќе се доближат до цените на говедското месо? Или до рејтингот на Павле Трајаноф и вмро-дпмне заедно. Познато е дека нашиот народ не може без леб и без идентитет. Всушност, лебот е неговиот идентитет. И достоинство.

Бел леб на црно ќе се продава под маса, ќе се доставува во кутии за пица директно во домовите, во тоалетите на ноќните клубови, наместо бел прашок ќе се продава бел леб. Пола за јадење на лице место, што се вика-гнетење, како секс на брзина, пола во внатрешните џебови на јакната за дома и за шверц.

Ќе се фаќаат врски. Корупцијата ќе цвета затоа што за три векни леб по десет евра парче секој мераклија ќе мора да плати уште десет евра рушвет.

Да не правиме муабет дека не мал број луѓе за својата омилена векничка ќе одат во Бугарија или во Србија и Албанија, па и во Грција ќе одат овие од Струмица, Гевгелија и Дојран.

Не знам дали оваа креативност на луѓето, вклучително и нивната спремност од свој џеб да го платат опстојот и развојот на пекарската индустрија која за нив е поважна отколку компјутерската за Калифорнија, е калкулирана при изработката на решението за замрзнувањето на цената, но ако не е, тоа би требало дополнително да биде сторено. Јас ги разбирам благородните мотиви на владата, обаче, сѐ ми се чини дека резултатите нема да бидат според очекувањата. Што, според мене, нема да биде лошо. Цените ќе отидат угоре и народот ќе почне помалку да јаде и помалку да фрла леб, што ќе биде добро за неговото здравје, ако во меѓувреме не премине на колачи.

Маријо, дај ми марамче!

Хахаха!


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post
Скриншот од видео од местото на несреќата

Најмалку 32 загинати и 85 повредени во стравичен судир меѓу возови во Грција

Најново

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk