ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Гир: Перспективата на Македонија да се приклучи кон ЕУ е достижен процес

March 1, 2023 12:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Дејвид Гир. Фото: МИА

Дејвид Гир. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Јасно ни е дека во Северна Македонија има разочарување дека процесот на евроинтеграција предолго трае, но перспективата на земјата да се приклучи кон ЕУ е кредибилен и достижен процес, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир во обраќањето на Вториот економски форум во организација на Делфи Економскиот форум и Грчката бизнис асоцијација во Скопје во чиј фокус е просперитетот во време на пресврти.

– ЕУ и нејзината заложба во процесот на проширување особено со оваа земја не е милост, туку тоа е заемен интерес и јасно е дека за нашата безбедност, просперитет и демократски интерес е вие да бидете дел од ЕУ. Отворањето на преговорите, отворањето на скрининг процесот почна така што сега фокусот треба да се премести на спроведувањето на реформите коишто се потребни. Ова не е лесен процес. Ова не е голема земја. Веќе имате постигнато многу во процесот на реформи. Имате огромна поддршка од земјите-членки на ЕУ, а и оние што се надвор од ЕУ, така што перспективата на оваа земја да се приклучи на ЕУ е кредибилен процес, постиглив, достижен и реалистичен, порача евроамбасадорот Гир на вториот панел „Следење на Самитот во Тирана: Пристапувањето на Балканот во Европската Унија“.

Осврнувајќи се на влијанието на пораките од Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тирана врз идинината на регионот, Гир рече дека форумот испрати многу силен политички сигнал којшто покажува еден заеднички став на лидерите во ЕУ и партнерите од Западен Балкан дека процесот на пристапување е во заемен интерес, а беше признаена и потребата од забрзување на самиот процес.

Тој потсети и дека на самитот во Тирана кој беше прв организиран во регионот и се одржа во сенка на руската агресија против Украина, во текот на дискусиите бил повторен принципот на проширување, односно дека процесот треба да се потпира на веродостојни реформи и врз основа на заслуги.

-Тоа значи дека земјите коишто ќе се приклучат на ЕУ ќе можат да го уживаат членството, меѓутоа мора да изградат и отпорност за да можат да се борат со едно динамично конкурентно опкружување, односно пазар на потрошувачи, рече евроамбасадорот.

Самитот во Тирана, меѓу другото, додаде тој, ја истакна и важноста од заемната соработка како начин за борба против предизвиците коишто се наоѓаат на патот на пристапувањето, а ја потенцира и поддршката што ЕУ ја дава на Западниот Балкан во однос на економијата, особено кога трае војната во Украина. Тука се осврна на Планот за инвестиции, кој рече, покажува каква поддршка ЕУ дава во процесот, во областа на поврзувањето на патниот, железничкиот и другиот вид сообраќај, потоа, за зелената транзиција, економскиот инвестициски план, а беше спомната и важноста на прилагодувањето на намалувањето на карбонските емисии.

-Во контекст на самитот во Тирана беше спомнат и заедничкиот пазар којшто ќе обезбедува повеќе слобода по принципот на единствениот пазар и којшто ќе овозможи интеграција на регионалниот пазар меѓутоа и на европскиот пазар бидејќи и едниот и другиот се потпираат на истите принципи. Беше планирано учеството на ЕУ во 6,9 проценти на пазарот на Западен Балкан. Мислам дека ова веќе се чувствува, резултатите се чувствуваат, така што сега од оваа година натаму одиме кон изградбата на зелените патеки коишто побрзо водат до процесот на пристапување, рече евроамбасадорот Гир.

Tags: EвроинтеграцијаГирЕУМакедонија
Next Post

Бектеши: С. Македонија дава целосна поддршка за возобнобување на енергетскиот сектoр на Украина

Shortcut

Најново

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk