ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

По шеесет години се реновира и опремува објектот на Специјализираната болница-Нефрологија во Струга

March 1, 2023 13:51
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По шеесет години од изградбата, објектот за подолг престој на Специјализираната болница-Нефрологија, Струга за прв пат ќе биде реновиран, а ќе биде обезбедена и опрема за кислородна поддршка на пациентите.

Со поставување на соларни колектори и фотоволтаичен систем ќе се обезбеди енергетска ефикасност на објектот за подолг престој, за да може да се користи во текот на целата година, со што капацитетот се зголемува од 200 на 1000 пациенти годишно.

– Имајќи ги предвид придобивките за корисниците на овие медицински услуги, Министерството за локална самоуправа со поддршка на швајцарската Влада обезбедија средства во износ од 20,5 милиони денари. Установата учествува и со сопствени средства во износ од 3,6 милиони денари. Оваа Влада вложува во граѓаните, во подобрувањето на услугите и во условите за живеење. Граѓаните се тие кои што плаќаат даноци, а наша должност е тие пари да ги вратиме назад за она што навистина им е потребно, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

Нефрологија-Струга е здравствена установа која што обезбедува услуги за жителите од регионот, но и од целата држава. Реновирањето на објектот за престој на пациентите за подолг период, обезбедувањето на медицинска опрема и обезбедувањето на поголема енергетска ефикасност на објектот ќе ги подобри условите за лекување и за рехабилитација на пациентите. Вкупниот буџет на проектот е 24.134.166 денари, од кои 11.324.000 ги обезбедува Министерството за локална самоуправа, а 9.200.000 швајцарската Влада.

Проектот има за цел подобрување на условите за нега на пациентите, условите за работа на медицинскиот персонал, дигитализација во работењето, постигнување поголема енергетска ефикасност и развој на здравствениот туризам во југозападниот плански регион преку реконструкција на централниот објект и објектот за т.н. „холидеј” дијализа на ЈЗУ Нефрологија Струга.

Во рамки се инвестира во централен систем за дистрибуција на кислород во три сали за хемодијализа и во три соби наменети за интензивна нега. Реконструкцијата на одделот за „холидеј дијализа” има за цел да овозможи користење на објектот за „холидеј дијализа”, во текот на целата година, од страна на социјално ранливи категории на граѓани.

Министерството за локална самоуправа со поддршка на швајцарската Влада, покрај овој, финансира уште шест проекти, меѓу кои и реконструкција на кардиологија Охрид, опремување на територијалната противпожарна служба во Куманово, Центар за згрижување на бездомни кучиња во Кавадарци, енергетска ефикасност на јавни објекти во Радовиш, реконструкција на домот за грижа на стари лица во Берово, центар за рехабилитација на деца со тешки болести во Кучково, за решавање на прашања за кои што граѓаните, во процес на консултација, ги предложиле како приоритетни во планскиот регион.

Tags: ЈЗУ Нефрологија СтругаМинистерство за локална самоуправаПенов
Next Post

Агенцијата за иселеништво започнува со онлајн часови по македонски јазик за децата на нашите иселеници во странство

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk