„Повеќе од половина (59 отсто) од испитаниците кои го дале својот глас за СДСМ не се согласуваат со овие уставни измени, на сметка на 39 отсто испитаници од истата партија кои сметаат дека овие уставни измени се пожелни. Интересен е и податокот дека 72 отсто од испитаниците кои не гласале на минатите избори се согласни дека Уставот не треба да подлежи на измени“, покажува истражувањето „Европа во криза. Последиците врз јавното мислење во Северна Македонија“ изработено од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и Фондацијата „Кондрад Аденауер“.
Од Македонците, само 15 отсто сметаат дека Бугарите треба да се внесат во Уставот, додека високи 80 отсто се против. Од Албанците, пак, 53 отсто сметаат дека треба да се направат уставните измени, а 32 отсто одговориле не.