ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Како систем не сме ја загубиле оваа сајбер-војна и нема да ја загубиме, вели премиерот за заканите за бомби

March 3, 2023 12:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Закана со бомба на гимназија Јосип Броз Тито, Скопје. Фото: Ангел Ангеловски

Закана со бомба на гимназија Јосип Броз Тито, Скопје. Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека денеска ќе има средба со министрите за внатрешни работи и за образование и наука за да се разгледаат дополнителни мерки за справување со лажните закани за поставени бомби во училиштата и рече дека се уште не сме ја загубиле оваа кибер-војна.

-Ние како систем не сме ја загубиле оваа сајбер-војна и нема да ја загубиме.Оваа сајбер-војна и овие хибридни напади се дел од војната што се води во Украина и тоа веќе на сите ни е јасно, бидејќи не се случува само кај нас, туку и кај голем број држави членки на НАТО. Министерот за внатрешни работи вчера сподели одредени информации за менување одредени протоколи што ги спроведува МВР. Денеска ќе имаме состанок со раководствата на министерствата за внатрешни работи и за образование, на кој ќе разговараме во однос на носење дополнителни мерки и за целосно неутрализирање на овој проблем со кој се соочува Северна Македонија, но и други држави, со цел да овозможиме редовна и непречена настава за учениците, изјави Ковачевски по посетата на градинка во изградба во населба Пролет, Општина Центар.

Единствена цел на овие хибридни напади, како што рече, е внесување немир во земја членка на НАТО и додаде дека обврска на МВР е да ја гарантира и да ја обезбеди безбедноста на граѓаните.

-Согласно со процедурите, прописите и протоколите за борба против тероризам, бидејќи се работи за дојави за бомби, тие мора да спроведуваат процедури пропишани согласно закон, како и во сите други држави. За да се спречи напуштање на училиштата, МВР и МОН секојдневно работат со цел да се изнајде начин како да се спроведат процедури кои ќе обезбедат сигурност дека се работи за лажна дојава на бомба, а децата да можат да посетуваат настава. И јас сум родител и се соочувам со истите проблеми во однос на школувањето на децата. Не е нешто за што не знам што се случува, меѓутоа мора да верувате дека и МВР и МОН работат на решавање на овој проблем, рече премиерот.

Во врска со учебниците, одговори дека имало доцнење, но се испорачани, а повлечени се учебници неквалитетно напишани и неквалитетно рецензирани.

-МОН веднаш пристапи кон повлекување на тие учебници, нивна корекција, а за да се коригира учебник повторно мора да се помине процедурата – авторот да направи промена, рецензија, комисија… Тој процес е во тек и сметам дека идната учебна година ќе биде во најдобар ред. Ги повикувам сите професори, академски граѓани, кои се дел од пишувањето книги, да се пријавуваат во поголем број за пишување книги за основно и средно образование, бидејќи и бројот и квалитетот на пишувачи на книги, на експерти, исто така го подобрува и забрзува процесот на пишување, одобрување и издавање на книгите, додаде Ковачевски.

Tags: закана за бомбиМВРМОН
Next Post

Објавен јавниот повик за финансиска поддршка на мали производители на вино

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk