ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Најмладите управуваа роботска рака на ФЕИТ

March 3, 2023 09:15
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Ученици од седмо одделение од основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје беа во едукативна посета на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Сите ученици учествуваа на работилница за популаризација на електротехниката и информациските технологии која се одржа во Центарот за иновации и трансфер на технологии – ИНОФЕИТ. Учениците проследија предавање за безбедносните и еколошките аспекти на електричната енергија, демонстрации на практични лабораториски вежби од областа на обновливите извори за енергија и роботиката, како и изработка на електрични уреди со CNC машина и 3D принтер. На Институтот за Автоматика при ФЕИТ учениците извршија самостојно управување на роботска рака.

„ФЕИТ како општествено одговорна образовна институција е во постојана соработка со основните и средните училишта во земјава. Сме реализирале голем број работилници во училишта каде што учениците можат практично да ја изучуваат електротехниката во креативна работна средина. Целта на овие работилници е од рана возраст да се развие љубовта кон техничките науки и да се истакне важноста на електротехниката во модерното општество. Општ впечаток е дека учениците се исклучително заинтересирани за овие теми и имаат одличен потенцијал кој треба да се искористи од нашиот факултет и од нашето општество“, рече вон. проф. д-р Живко Коколански, еден од организаторите на работилницата.

Обврска на целото општество е да ја користи технологијата само за добро и да изнајде начин како ефикасно да се искористи, вели класниот раководител Татјана Нанкова.

„Модерното време носи нови предизвици, но и потреби, а денешните ученици и нивната креативност треба да се канализираат. Интернетот е виртуелен простор каде можат да се добијат голем број корисни информации, доколку разумно се користи. Современите трендови покажуваат дека новите генерации сѐ порано и сѐ побргу учат како компетентно да манипулираат со далечински управувач, паметен телефон, таблет, плејстејшн и слично. Присутноста на електронските уреди, денес, е толку голема што е речиси вткаена во секојдневното функционирање на луѓето“, објаснува Нанкова.

Ова е причината за нивната посета на Факултетот за електротехника и информациски технологии, иако иницијативата произлегла од учениците, од класниот раководител и од родителите.

„Желбата да се научи нешто ново, ама искуствено, практично и истото да се примени е мотив повеќе нашето учење да го насочиме кон стручното образование. Растеме со технологијата, учиме од неа таа за таа да биде додадена вредност во општеството преку младите генерации. Учениците се љубопитни, бараат предизвици, се интересираат за технолошките пронајдоци, интересно им е да играат да креираат нови продукти, а нам на наставниците примарната задача е да им ги отвараме видиците за да се насочи нивната креативност во полезни и висококвалификувани кадри. Благодарани сме на ФЕИТ за споделувањето на практичното и теоретското знаење во оваа област“, додава Нанкова.

Tags: Роботска ракаФЕИТ
Next Post

Украина нареди делумна евакуација на жителите на Купјанск, во регионот на Харкив

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk