Во текот на денов се очекува да биде соопштен ставот на пекарите по синоќешната Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб се обврзуваат да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година.
Одлуката ја сподели министерот за економија Крешник Бектеши на својот официјален фејсбук профил, а, меѓу другото, предвидува и обврска за трговците на мало кои продаваат леб во структурата на дневната набавка на сите видови леб да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена.
-Денеска во Стопанската комора ќе има прес-конференција на која ќе го соопштиме ставот, велат за МИА утрово претставници од пекарската индустрија.