Руската Федерација и нејзиното раководство мора да одговараат за злосторствата извршени во Украина, истакна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во соопштение за формирањето Меѓународен центар за кривично гонење на злосторствата во агресијата против Украина, објавено денеска на веб-страницата на Делегацијата на ЕУ во Украина.
Според неа, руската инвазија и донела неописливо страдање на Украина, пренесе Интерфакс Украина.
Има се повеќе докази за директни напади врз цивили, како и врз енергетската и друга инфраструктура, наведе таа во соопштението.