ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Со видео запис е одбележан почетокот на проектот за зајакнување на капацитетите на централните банки во земјите од Западен Балкан

March 5, 2023 10:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Почетокот на тригодишната Регионална програма финансирана од ЕУ, чија цел е поддршка на централните банки и банкарските супервизорски агенции во земјите од Западен Балкан, кандидати и потенцијални кандидати за влез во ЕУ, е одбележано и со посебен билтен и видео, подготвени од Банката на Италија како домаќин на почетната средба, одржана во септември 2022 година.

Регионалната програма е во износ од 3 милиони евра, коишто се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и претставува продолжение на слична иницијатива и проектни активности кои беа  успешно завршени во 2021 година.

„Успехот на Првата регионална програма создава големи очекувања за следната, каде заедничките обуки се прошируваат на дополнителни 6 области на работење“ истакнува во видеото Даниела Парат Јовановска, советник-експерт во Народната банка, додавајќи дека билатералните мерки се прилагодени и даваат простор за длабинско насочено подобрување во областите избрани од самите централни банки. 

Носители на програмата се Дојче Бундесбанк, заедно со 19 национални централни банки на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) и Европската централна банка (ЕЦБ). Преку билатерална соработка и активнoсти и испорачани обуки, програмата ќе придонесе кон понатамошно јакнење на институционалните капацитети на земјите – крајни кориснички, особено преку унапредување на нивните аналитички алатки и политики и преку пренесување на најдобрите меѓународни и европски стандарди во националните практики. Корисници на програмата се Банката на Албанија, Централната банка на Босна и Херцеговина, Агенцијата за банкарство на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Агенцијата за банкарство на Република Српска, Централната банка на Република Косово, Централната банка на Црна Гора, Народната банка на Република Северна Македонија и Народната банка на Србија.

Извор: НБРСМ

Tags: ЕУЗападен БалканИПАНародна банкаРегионална програма
Next Post

Во Албанија ден на национална жалост за жртвите од несреќата во Грција, меѓу нив има четворица Албанци

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантирани права за Македонците во Бугарија и гаранции против блокади

January 29, 2026
Фото: Кабинет на Претседател

Платформата за борба против корупција бара од претседателката да не го потпише указот за измените на Кривичниот законик

January 29, 2026

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за претседателот на Регулаторната комисија

January 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk