По усвојувањето на декларацијата за Украина на Генералното собрание на ОН, се чини дека Русија на дипломатски план доживеа уште еден голем пораз: Повеќе од 140 земји не го поддржаа Кремљ и само 7 земји застанаа на руска страна, пишува Рацин.
На првата година од започнувањето на руската агресија врз Украина, во седиштето на Обединатите нации, 141 земја членка на светската организација ја осудија руската инвазија врз Украина, а само 7 земји одбија да го прифатат овој необврзувачки документ за осуда на Русија.
Освен Русија, тоа се Белорусија, Северна Кореја, Етиопија, Мали, Никарагва и Сирија.
Ова гласање само потврди дека Кремљ има многу малку сојузници во светот, и дека исклучително индикативно е што и Куба и Иран не се вклучени во групата подржувачи на Русија.
Тие останаа неутрални, иако мнозинството од меѓународната јавност смета дека таквата позиција е всушност „тивка поддршка“ за Русија затоа што „неутралноста“ во случајот на Москва, која ги прекрши сите принципи на меѓународното право, стана неодржлива, односно невозможна.
Дополнително интересно е што на семафорот на кој се обележани земјите апстиненти се уште и Алжир, Ангола, Ерменија, Бангладеш, Боливија, Кина, Куба, Етиопија, Индија, Иран, Казахстан, Монголија, Пакистан, Јужна Африка, Судан, Виетнам, Зимбабве, а некои земји, традиционални сојузници на Москва. Не гласале, или апстинирале и земји како што се Буркино Фасо, Либан, Сенегал, и замислете, и Венецуела.
Едно од објаснувањата на експертите зошто тие земји не гласаа е дека интензивната турнеја на Сергеј Лавров низ Африка сепак не ги даде очекуваните резултати и дека овие членки на ОН, кои семафорот во зградата покрај Ист Ривер во Њујорк ги „маркираше“ како апстиненти, се многу поблиску до тоа да го „прескокнат“ гласањето за осуда на Русија, отколку јасно и јавно да се определат.